Работодавачот Елена Митевска за практикантските програми


Наш соговорник во ова интервју е Елена Митевска, Senior Development Consultant во Mecoms, која ќе ни одговори на прашањата околу соработката со Bintern, колку се задоволни од нашите услуги и зошто е важна практикантската работа за секоја компанија.


1. Најпрво претставете ни се вие и вашата компанија…

- MECOMS е дел од Ferranti Company и е резултат на повеќе од 45 години работа и присуство на пазарот во индустријата со енергенси (Energy and Utility). Нашиот продукт опфаќа повеќе модерни cloud решенија што ги користат најновите Microsoft технологии со цел да се опфатат сите интерни процеси во работата на компаниите за снадбување и испорака на енергенси.

Ferranti е Microsoft премиум партнер, со канцеларии и корисници низ целиот свет.

Канцеларијата во Скопје е отворена веќе 15 години, а покрај неа останатите канцеларии се наоѓаат во Антверп, Лондон, Сингапур и Амстердам.

2. Зошто вашата компанија е идеално место за пракса/работа?

- Нашата компанија нуди голема можност за професионален развој на сите нови вработени, преку фокусирани тренинзи, менторство од поискусни колеги, па се до casual дружби, fun@work активности и редовни патувања и средби со колегите од другите држави.

3. Како дознавте и зошто одлучивте да бидете дел од платформата bintern.com?

- За Bintern дознавме преку социјаните мрежи, во вистинкиот момент – кога го започнавме процесот на интервјуирање на студенти за нашата Internship програма.

4. Опишете ни го вашето искуство од досегашната соработка со Bintern...

- Досегашното искуство е повеќе од одлично! Редовно огласуваме и добиваме нови апликации од заинтересирани студенти за нашата програма, но исто така бевме дел од виртуелниот саем кој се надевамe ќе прерасне во традиција со оглед на одличните резултати и големата заинтересиранот од пазарот.

5. Како изгледа практикантството во вашата компанија и какви кариерни можности им нудите на кандидатите?

- Нашата програма за пракса е идеална со цел новите колеги да се стекнат со знаење и работни навики во првите месеци, да се запознаат со нашата компанија и технологиите кои ги работиме. Заедно преку учење многу нови технологии и споделување искуства, новите колеги многу лесно можат да навлезат во светот на ИТ индустријата каде ќе започнат да ја градат својата интернационална кариера.

6. Што е важно за еден кандидат да добие пракса или работа во вашата компанија?

- За еден кандидат да добие пракса/работа во нашата компанија потребно е да го има совладано материјалот од факултетските клупи и да има основни познавања од бази на податоци, интернет протоколи, да го разбира концептот на објектно ориентирано програмирање и основите на програмирањето. Според досегашното искуство, претходно наведеното е повеќе од доволно за идните Јуниор Девелопери да може да ги совладаат новите предизвици во ИТ светот. Ве очекуваме!


Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com