Меморандум за соработка помеѓу Bintern и ИДТ

Приказната за Bintern успешно продолжува да тече во етерот. Денес склучивме соработка со нов едукативен партнер – соработник од неформалното образование - Школата за дизајн, уметност и технологија – „СКАЛА“ !
„СКАЛА“ е Школа основана од „Џолев и уметностите“ којашто 10 години креира и организира едукативни програми во вид на курсеви и академии од повеќе области на дизајнот, уметноста и технологиите. Во моментов во “Скала” се активни повеќе од 50 ментори на преку 20 курсеви и 6 едногодишни академски програми за графички дизајн,  мултимедија и визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн, веб дизајн и product owner.
Секоја година во Скала се едуцираат над 300 студенти кои продолжуваат со пракса и нова кариера во креативните индустрии. Покрај Школата за дизајн, уметност и технологија, „Скала“ е позната и по својата дигитална платформа за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена – „Скала Магазин“.
Активни курсеви чии уписи се во тек:

Со овој меморандум за соработка ќе им се овозможи на идните и веќе запишаните студенти на Школата за дизајн, уметност и технологија – „СКАЛА“ можност за полесно пронаоѓање на пракса и вработување после завршувањето на нивното неформално образование во школата.
Со овој новопотпишан меморандум со уште еден едукативен центар се потврдува успешноста на Bintern во намерата да ги спојува студентите со компаниите за пракса и вработување со крајна цел испишување на нови успешни приказни.Токму успешноста на Школата “Скала” во неформалното образование и нивното 10 годишно активно работење беа примарната цел за да се склучи овој меморандум за соработка.
Bintern ве поврзува со вашето идно работно место.
Доколку размислувате од каде да почнете при процесот на барање пракса и работа тогаш bintern е вистинското место за вас.

Регистрирајте се веднаш на bintern.com