Основни типови на комуникација


Комуникацијата вклучува размена на информации помеѓу два или повеќе субјекти со користење на разни кодови кои тие можат да ги пренесуваат.
Ефективната комуникација не значи само дека субјектот A испраќа порака до субјектот B.
За комуникацијата да биде ефективна, потребно е да се воспостави клима на разбирање и меѓусебно почитување меѓу соговорници пораката која се пренесува треба да биде јасна,концизна и недвосмислена и содржината на пораката треба да е кохерентна со ставот присутен во самата пораката. Со цел да бидете по ефективни во вашата комуникација, би сакала да ви ги претставам 4те основни типови на комуникација. Колку повеќе знаете за секој тип на комуникација толку поефективна ќе биде вашата комуникација со другите.
Тие четири основни типа на комуникација се:

  1. Вербална комуникација

  2. Невербална комуникација

  3. Пишана комуникација

  4. Визуелна комуникација

Во продолжение на овој пост секој тип на комуникација ќе ви го претставам поединечно.

Вербална комуникација


Вербалната комуникација е употреба на јазикот за пренос на информации преку зборување или користење на знаковен јазик. Тој е најчесто користениот тип на комуникација кој се користи за време на презентации, видео-конференции, телефонски повици, состаноци и разговори еден на еден. Оваа комуникација е многу важна бидејќи е ефикасна и можат дасе пренесат многу информации за кратко време.
Еве неколку чекори кои може да ги преземете за да ги развиете вашите вербални комуникациски вештини:

  • Секогаш користете силен, самоуверен глас, особено кога презентирате информации на повеќе луѓе истовремено за да можат сите да ве слушнат. Бидете сигурни во тоа што го зборувате за вашите идеи да бидат јасни и лесно разбирливи за другите.

  • Секогаш користете активно слушање. Другата страна на користењето на вербална комуникација е внимателното слушање на другите. Вештините за активно слушање се клучни кога одржувате состанок, презентација или дури и кога учествувате во разговор еден на еден. Активното слушање ќе ви помогне да растете како добар комуникатор.

  • Секогаш избегнувајте да користите пополнителни зборови како “хм”,  “аха”, “така” или  “да”. Користењето на пополнителните зборови може да биде примамливо за време на презентација на содржина наменета за младата публика. Иако употребата на пополнителни зборови може да се чувствува природно откако ќе завршите реченица или ќе паузирате за да ги соберете мислите, сепак со употребата на такви зборови може да го одвлекува вниманието на вашите соговорници или слушатели.

Невербална комуникација


Невербалната комуникација е употреба на говорот на телото,гестови и изрази на лицето за да се пренесат информациите на другите. Овој вид на комуникација може да се користи и намерно и ненамерно. Невербалната комуникација е корисна кога се обидувате да ги разберете мислите и чувствата на другите. Ако тие покажуваат “затворен” говор на телото, како што се прекрстени раце или стуткани рамења, можеби се чувствуваат вознемирени, лути или нервозни. Ако тие покажуваат “отворен” говор на телото со двете нозе на подот и рацете покрај нив или на масата, веројатно се чувствуваат позитивно и отворени се за разговор и примање на информации.
Еве неколку чекори што може да ги преземете за да ги развиете вашите невербални вештини:

  • Забележете како физички се пренесуваат вашите емоции. Во текот на денот, додека искусувате низа емоции (додека се чувствувате енергично, досадно, среќно или фрустрирано), обидете се да идентификувате каде ја чувствувате таа емоција во вашето тело. На пример, ако се чувствувате вознемирени, може да забележите дека стомакот ви се стега. Развивањето на свеста за тоа како вашите емоции влијаат на вашето тело може да ви даде поголемо владеење над вашата надворешна презентација.

  • Бидете свесни за вашите невербални комуникации.Потрудете се да покажите позитивен говор на телото кога се чувствувате будно, отворено и позитивно за вашата околина. Користете го говорот на телото заедно со вербалната комуникација, како на пример поставување на дополнителни прашања или повлекување на презентерот на страна за да дадете повратни информации.

  • Имитирајте невербални комуникации за кои сметате дека се ефективни. Ако сметате дека одредени изрази на лицето или говор на телото се корисни за одреден амбиент, користете ги како водич кога ја подобрувате сопствената невербална комуникација. На пример, кога ќе видите дека некој кимнува со главата додека вие зборувате или презентирате тоа значи дека ви пренесува одобрување и позитивни повратни информации и добро е тоа да го искористите на следниот состанок кога ќе ги имате истите чувства.

Пишана комуникација


Пишаната комуникација претставува пишување или печатење симболи како букви и бројки за да се пренесат информации. Овој тип на комуникација е корисен бидејќи обезбедува евиденција на информациите и доказ дека комуникацијата се случила. Пишувањето најчесто се користи за споделување на информации преку книги, блогови, писма, белешки и друго. Електронска пошта и разговорите на социјалните мрежи се вообичаена форма на пишана комуникација на работното место.
Еве неколку чекори што можете да ги преземете за да ги развиете вашите писмени комуникациски вештини:

  • Стремете се кон едноставност. Писмената комуникација треба да биде што е можно поедноставна и јасна за да може секој да ја разбере без разлика на профилот на луѓето меѓу кои се одвива пишаната комуникација.

  • Не потпирајте се на тонот. Бидејќи ја немате нијансата на вербални и невербални комуникации, внимавајте кога се обидувате да пренесете одреден тон кога пишувате. На пример, обидот да се пренесе шега, сарказам или возбуда може да се преведе различно во зависност од публиката. Наместо тоа, обидете се да го задржите вашето пишување што е можно поедноставно и јасно и следете ги со вербални комуникации каде можете да додадете повеќе личности.

  • Одвојте време за да ги прегледате вашите писмени комуникации. Одвојувањето време за повторно читање на вашата електронска пошта, писма или белешки може да ви помогне да ги идентификувате грешките или можностите да кажете нешто поинаку. За важни комуникации или оние електронски пораки кои ќе бидат наменети за голем број луѓе, би можело да биде корисно да ги прегледа и некој доверлив човек.

  • Чувајте датотека со примери за пишана комуникација што сметате дека е ефективна. Ако примите одреден имеил, порака или белешка што ви се особено корисни или интересни, зачувајте ги за пример. Применувањето на методи или стилови на пишување може да ви помогне да се подобрите со текот на времето во однос на пишаната комуникација.

Визуелна комуникација 


Визуелната комуникација претставува користење на фотографии, уметност, цртежи, скици, графикони и стикери за да се пренесат информации. Визуелните слики често се користат како помош за време на презентации за да се обезбеди корисен контекст заедно со писмената или вербалната комуникација. Бидејќи луѓето имаат различни стилови на учење, визуелната комуникација може да биде покорисна за некои луѓе полесно да примат информации и идеи.
Еве неколку чекори што може да ги преземете за да ги развиете вашите вештини за визуелна комуникација:
Прашајте ги другите пред да вклучите визуелни слики. Ако размислувате да споделите визуелно помагало во вашата презентација или електронска порака, размислете да побарате од другите повратни информации. Додавањето на визуелни слики понекогаш може да ги направи концептите збунувачки или заматени. Добивањето фидбек односно повратен одговор од трета страна може да ви помогне да одлучите дали визуелното додава вредност на вашите комуникации.
Размислете за вашата публика. Вклучувајте визуелни слики што се лесно разбирливи за вашата публика. На пример, ако прикажувате графикони со непознати податоци, погрижете се да одвоите време и да објасните што се случува во визуелното и како се поврзува со она што го кажувате. Никогаш не треба да користите чувствителни, навредливи, насилни или графички визуелни елементи во било каква форма.


За да си ги подобрите вашите комуникациски вештини, поставете си лични цели за да може да ги совладате работите кои што сакате да ги постигнете чекор по чекор. Може да биде корисно да се консултирате со доверливи луѓе/колеги, менаџери или ментори за да идентификувате на кои области би било најдобро да се фокусирате прво. Бидејќи социјалните медиуми се најзастапен канал за комуницирање во денешно време бидете внимателни како ги користите истите, што објавувате и како комуницирате со другите преку нив.

Ве поздравува вашата блогерка м-р Јасна Весиќ.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на bintern.com