Самодоверба

Според дигиталниот речник на македонскиот јазик самодоверба значи доверба во себеси, во сопствените можности и способности.Во психологијата терминот самодоверба се користи за да се опише целокупното чувство на личноста или личната вредност.  Со други зборови кажано, самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си.Секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Интересно е тоа што несвесно многу пати себеси се забораваме и се ставаме на последно место. Довербата во себеси односно во нашата лична вредност како човек е скапоцен психолошки ресурс. Таа претставува високо позитивен фактор во животот кој е во корелација со постигнувањата, добрите односи со другите и општото задоволство од животот. Поседувајќи малa самодоверба кон себе може да ги наведе луѓето да станат депресивни, да потфрлат во својот потенцијал или да толерираат токсични врски и ситуации. На секој од нас ни се има случено некогаш да имаме доза на ниска самодоверба.


Луѓето кои добиваат постојани критики од луѓето во својата околина како семејството, претпоставените, пријателите, наставниците и слично, може да имаат чувство на ниска самодоверба.Искуството на секоја личност е различно, но во текот на животот, се чини дека самодовербата расте и опаѓа на предвидливи, систематски начини. Истражувањата сугерираат дека самодовербата расте, во различни степени до 60-годишна возраст, кога останува стабилна пред да почне да опаѓа во староста.

Самопочитта може да влијае врз животот на безброј начини, од академски и професионален успех до врски и ментално здравје. Самопочитта, сепак, не е непроменлива карактеристика. Успесите или неуспесите и лични и професионални, можат да поттикнат флуктуации во чувството на самопочит.

Нашата самопочит вклучува различни верувања кои ги имаме за себе. Кои се тие? Да речеме тоа е како ние го цениме сопственото однесување, како го проценуваме сопствениот изглед, како го проценуваме нашето верување за нештата, какво гледиште имаме за сопствените емоции и на крајот на краиштата како го карактеризираме и цениме нашето лично однесување.

Постојат повеќе фактори кои влијаат на самодовербата. Ниската самодоверба може да се појави поради лошата училишна средина или нефункционалното работно место. Слично на тоа, несреќната врска исто така може да ја смени самопочитта на една личност.
Некои од многуте причини кои може да доведат до намалена самодоверба се:

  • Несреќно детство каде родителите (или други значајни луѓе како наставниците) биле крајно критични. 

  • Слаби академски перформанси.

  • Тековен стресен настан од животот, како што е прекин на врска или финансиски проблеми.

  • Чести саркастични препирки со пријатели.

  • Исмејување од околината и слично.


Совети за подобрување на вашата самодоверба:
Постојат голем број начини на кои можете да ја подобрите вашата самодоверба. Во продолжение на овој блог ќе ви споделам неколку од нив:

1. Идентификувајте ги и оспорете ги вашите негативни верувања
Првиот чекор е да ги идентификувате, а потоа да ги оспорите вашите негативни верувања за себе. Обрнете внимание на вашите размислувања за себе. На пример ако си мислите дека не сте доволно комуникативни најдете докази со кои би си докажале самите на себе дека тоа не е така и дека вие сепак сте комуникативна личност. Запишете и изјава и докази и продолжете да гледате назад за да се потсетите дека вашите негативни верувања за себе не се вистинити.

2. Идентификувајте го позитивното за себе

Добра идеја е да запишете позитивни работи за себе, во што сте добри или убави работи што луѓето ги кажале за вас. Пример: “Јас сум добар оратор”, “Јас имам многу пријатели”, “Јас знам да свирам гитара” и слично. Кога ќе почнете да се чувствувате помалку вредно, погледнете ги работите што ги имате запишано и потсетете се дека има многу добро во вас.

3. Создадете позитивни врски – и избегнувајте ги негативните
Веројатно ќе откриете дека постојат одредени луѓе и одредени врски што прават да се чувствувате добро, среќно и исполнето. Воспоставете односи со луѓе кои прават да се чувствувате добро и избегнувајте ги врските што ве влечат надолу. Избегнувај те негативни луѓе и секогаш трудетесе да бидете опкружени со позитивни луѓе и позитивна енергија.


4. Дајте си одмор
Не мора да бидете совршени секој час секој ден. Вие дури и не мора постојано да се чувствувате добро за себе.
Самопочитта варира од ситуација до ситуација, од ден на ден и час до час. Некои луѓе се чувствуваат опуштено и позитивно со пријателите и колегите, но непријатно и срамежливо со странци. Други може да се чувствуваат целосно сигурни во себе на работа, но се борат со социјалните ситуации надвор од работа (или обратно). Најважно е да не бидете премногу строги кон себе. Бидете секогаш љубезни кон себе и не бидете премногу критични.
Совршенство не постои така да немој да се стремите да постигните нешто што е недостижно.

5. Станете поасертивни и научете да кажувате „Не“

Луѓето со ниска самодоверба честопати им е тешко да застанат за себе или да им кажат не на другите.Ова значи дека тие можат да станат преоптоварени дома или на работа, бидејќи не сакаат да одбијат никого за ништо. Сепак, ова може да го зголеми стресот и да го направи уште потешко да се управува.Затоа, развивањето на вашата асертивност може да помогне да се подобри вашата самодоверба.


6. Подобрете го вашето физичко здравје
Многу е полесно да се чувствуваме добро и самоуверено кога сме задоволни со нашиот физички изглед и кога сме здрави. Меѓутоа, луѓето со ниска самодоверба честопати се занемаруваат себеси, бидејќи не чувствуваат дека „заслужуваат“ да бидат згрижени.
Почнете да се занимавате со физичка активност, внимавајте на исхраната и спијајте доволно. Одвојте време да се опуштите и да направите нешто што сакате да го направите, а не нешто што некој друг очекува да го направите. Сигурна сум дека со едноставни промени во вашето секојдневно функционирање може да направите огромна разлика во вашиот живот.

7. Преземете ги предизвиците
Луѓето со ниска самодоверба често избегнуваат предизвикувачки и тешки ситуации.Еден начин да ја подобрите вашата самодоверба всушност може да биде да преземете предизвик. Ова не значи дека треба да направите сe сами – дел од предизвикот може да биде да барате помош кога ви е потребна – но бидете подготвени да пробате нешто што знаете дека ќе биде тешко да се постигне. Поделете ја целта на помали чекори и одете постепено кон неа. Ова ги предизвикува вашите негативни верувања и затоа ќе ја подобри вашата самодоверба.Сигурна сум дека Ви дадов доволно совети за тоа како да си ја подобрите вашата самодоверба. Најдобар начин да започнете да работите на вашата самодоверба е да излезете од вашата комформа зона и да се предизвикате себе си да направите нешто за кое сте сметале дека не сте способни да го направите.Ве поздравува вашата блогерка м-р Јасна Весиќ.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.
Регистрирајте се веднаш на
bintern.com