Успешната приказна на Филип во 42Dynamics

Уште една од низата успешни приказни на bintern.com. Денес ќе разговараме со Филип Спировски, кој пронајде пракса за Microsoft Dynamics 365FO Developer во 42Dynamics.

Најпрво ќе започнеме со прашањата кои ги имаме за Филип, кој беше дел од Виртуелниот саем за пракса во мај 2022 година и како корисник на платформата bintern.com бараше пракса во некоја компанија.

1. Здраво Филип, кажи ни повеќе за тебе.

Здраво јас сум Филип Спировски, имам 23 години, студент сум на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје и моментално сум практикант во компанијата 42 Dynamics.

2. Зошто ја избра оваа професија?

Оваа професија ја избрав затоа што уште од помала возраст се гледав себеси како иден програмер и желбата за стекнување со знаење и искуство поврзано за оваа област се зголемуваше од ден за ден. Сметам дека станува збор за една прилично креативна, динамична професија каде секој ден претставува нов предизвик и се изучуваат нови работи.

3. Како изгледаше твојот процес за барање на пракса?

Јас, исто како и секој студент кој за прв пат бара пракса, ги истражував IT компаниите кои нудат пракса и според одговорностите и квалификациите кои ги бараат направив селекција од компании во кои најмногу би се пронашол и би аплицирал. Bintern како платформа со услугите кои ги нуди многу ми помогна во тој избор.

4. Како сега изгледа твојот работен ден во 42Dynamics?

Процесот на пракса во 42 dynamics се состои од комбиниран начин на работа: работа во office и remote принцип на работа од дома. Во текот на работниот ден, јас и останатите практиканти имаме теоретски дел, каде изучуваме работи преку документации и презентации, и практичен дел во кој го применуваме техничкото знаење преку кодирање. Лично можам да кажам дека планот за пракса е сеопфатен и детално исполнет со материјали кои се потребни за да се развиеме во областа на која што работиме.

5. На кој начин дозна за Бинтерн и како ти помогна да ја започнеш кариерата?

За Bintern прв пат дознав преку социјалните мрежи меѓутоа не бев запознаен со услугите кои ги нуди. Откако ја истражив сфатив дека е супер платформа особено за студенти и додипломци кои немаат многу информации околу ИТ пракси и вработувања.

6. Што би им препорачал на другите студенти и дипломци кои бараат пракса или работа?

На другите студенти и дипломци кои бараат пракса или работа би им препорачал убаво да ги разгледаат достапните пракси и да изберат позиција во која најмногу се пронаоѓаат. Доколку тој избор е 42 Dynamics, сигурен сум дека нема да погрешат.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за праска и вработување. Регистрирајте се веднаш на bintern.com.