Успешната приказна на Стефан во 42Dynamics


Денеска, ќе ви претставиме уште една од низата успешни приказни на bintern.com. Ќе разговараме со Стефан Станковиќ, кој пронајде пракса за Microsoft Dynamics 365FO Developer во 42Dynamics.

Најпрво ќе започнеме со прашањата кои ги имаме за Стефан, кој беше дел од Виртуелниот саем за пракса во мај 2022 година и како корисник на платформата bintern.com бараше пракса во некоја компанија.

1. Здраво Стефан, кажи ни повеќе за тебе.

Здраво, јас сум Стефан Станковиќ, студент на факултетот за електротехника и информациски технологии и практикант во компанијата 42Dynamics. Студирам на смерот КТИ и моментално сум во последната година од студиите.

2. Зошто ја избра оваа професија?

Оваа професија ја избрав поради тоа што е опфатено работењето со бази на податоци и веб технологии. Исто така работењето со D365 е многу просперитетно.

3. Како изгледаше твојот процес за барање на пракса?

Практиканството го добив преку саемот на Бинтерн на кој беа повеќе компании, но за практиканство се пријавив во 42Dynamics каде после добро интервју добив можност за практиканство.

4. Како сега изгледа твојот работен ден во 42Dynamics?

Работниот ден во 42Dynamics за нас практикантите почнува во 9h и трае до 15h. Моментално добиваме задачи на дневно ниво бидејќи сеуште ја изучуваме околината на D365 и како таа работи, но генерално се работи на таскови кои треба да се изработат и извршат.

5. На кој начин дозна за Бинтерн и како ти помогна да ја започнеш кариерата?

За Бинтерн дознав преку друштвената апликација Instagram и задоволен сум затоа што ми помогнаа да најдам компанија која што ми нуди голема можност за понатамошната кариера.

6. Што би им препорачал на другите студенти и дипломци кои бараат пракса или работа?

На студентите кои бараат пракса/работа би им препорачал да бараат работа/пракса во областа која што најмногу им одговара и да бидат спремни на секаков вид на предизвици.

Bintern е првата македонска платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за праска и вработување. Регистрирајте се веднаш на bintern.com.