ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Следните одредби од Политиката на Приватност на Бинтерн (во понатамошниот текст како Политиката) ќе ги регулира начините за користење на личните информации на Корисникот, правата на корисниците согласно на Законот за заштита на личните податоци, процедурата во случаи на неовластен пристап на податоците и безбедносните мерки што Бинтерн ги превзема за тајност и заштита на личните податоци.
§ Дефиниции
§ Согласност
Корисникот се согласува дека со регистрацијата на Платформата на Бинтерн т.е. со создавањето на неговиот кориснички налог, се согласува дека ја дава својата слободна, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја како согласност за обработка на неговите лични податоци согласно целите наведени подолу во оваа Политика на приватност.
При регистрацијата од Корисникот, Бинтерн единствено ги прибавува следните податоци:
Корисниците изјавуваат дека се запознаени дека секое посебно поле на Платформата кое служи за внесување на информации не е задолжително, и одредени информации може да не се внесат каде што тоа така е одредено, што всушност значи дека пополнувањето на полињата кои не се точно означени како „задолжително/и“ останува единствено на дискреција на Корисникот.
Корисникот се согласува дека Платформата користи локациски-базирани сервиси што значи дека Платформата автоматски ќе го добива компјутерскиот интернет протокол - ИП адресата на уредот на Корисникот. Ваквата информација согласно делот на § Дефиниции самостојно, но и во комбинација со други претставува личен податок.
Автоматското прибавување на ИП адресата може да се користи од страна на Платформата за добивање на информации за пребарувачот и оперативниот систем на Корисникот со цел пружање на услугата и подобрување на искуството и истата е задолжителна.
Корисникот се согласува дека со регистрација на Платформата, Бинтерн ќе му испраќа еднаш неделно Newsletter и СМС порака за да го извести Корисникот за новите огласи. Корисникот има опција да ги деактивира нотификациите, но не може да ги деактивира нотификациите кои се важни за функционирањето на Платформата.
§ Цел на користење на информациите и личните податоци
Личните податоци и другите информации кои се однесуваат на конкретен Корисник, објаснети погоре, ќе се користат за успешно исполнување на услугите на Платформата, односно поврзување на работодавачите со работобарателите.
Личните податоци ќе се користат исклучиво за целите опишани во овој дел.
§ Известување за нарушување на безбедноста на личните податоци
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, Бинтерн т.е. Контролорот без одлагање и каде што е можно ќе ја извести Агенцијата за заштита на лични подаотци, во временски рок не подолг од 72 часа од сознавањето на нарушувањето на безбедноста на личните податоци, освен во случаите кога нарушувањето на безбедноста на личните податоци нема да влијае и да ги ризикува правата и слободите на Корисникот. Во случаите во кои претходно наведениот рок ќе се пробие, Бинтерн ќе достави известување до Агенцијата со објаснување за доцнењето.
Во случаите кога нарушувањето на безбедноста на личните податоци може да резултира со зголемен ризик врз правата и слободите на субјектот на личните податоци, Контролорот (Бинтерн) ќе го извести за таквото нарушување без одлагање. Таквото известување Бинтерн ќе срочи на читлив и разбирлив начин и ќе ја објасни природата на нарушувањето на безбедноста на личните податоци и ќе се состои од:
Корисникот изјавува дека е согласен дека во согласност со член 24 став (3) од ОРЗЛП, тој може да не биде информиран за нарушувањето на безбедноста на личните податоци како што тоа е дефинирано во преходниот став на овој дел.
§ Право на пристап
Корисниците имаат право да прибават потврда од Бинтерн за тоа дали нивните лични податоци се процесираат, целите на процесирањето, категориите на личните податоци кои се процесираа, примателите или категориите на приматели на кои личните податоци им се или ќе им бидат обелоденети, одредениот период во кој личните податоци ќе се складираат или ако тоа не е можно критериумите кои се користат за да се одреди тој период, постоењето на правото на поправање и дополнување и бришење на личните податоци, правото да се испрати поплака до надлежното надзорно тело, изворот на податоците ако таквите податоци не се прибрани од страна на Корисникот и постоењето на автоматизиран систем на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето.
Корисниците исто така ќе добијат копија од нивните лични податоци, без надомест, во електронски формат.
§ Право да се биде заборавен
Корисникот го има правото да биде заборавен и да побара од Бинтерн да ги избрише личните податоци кои се однесуваат на Корисникот без одлагање. Бинтерн е должен да ги избрише личните податоци на тогашниот Корисник, сега субјектот на личните податоци доколку е исполнет еден од следните услови:
§ Пренос на податоци
Корисникот го има правото да ги добие личните податоци кои се однесуваат на него и кои тој ги приложил на Бинтерн, на структуиран, компјутерски читлив и обично користен формат / начин. Корисникот го има правото да ги пренесува тие информации до други Контролери без потешкотии од Бинтерн.
§ Приватност преку дизајн
Бинтерн имплементира технички и организациски мерки за да се осигура дека само личните податоци кои се потребни и нужни за одредена цел на процесирање ќе бидат предмет на процесирање.
Бинтерн ги процесира и задржува само оние лични податоци кои се апсолутно нужни за успешно работење на Платформата на Бинтерн.
Бинтерн ги има имплементирано принципите на заштита на лични податоци како што се на пример дата минимизацијата и ги има интегрирано потребните заштити во процесирањето со цел да ги исполни условите на меродавното право и на Законот за заштита на личните податоци, со цел да се заштитат правата на субјектите на лични податоци.
§ Обелоденување на лични податоци
Бинтерн нема да ги обелоденува личните податоци на субјектот на личните податоци на трети лица.
Со исклучок на претходниот став, Бинтерн ќе ги обелодени и сподели личните податоци на субјектот на личните податоци онаму каде што е задолжително согласно позитивните законски прописи на властите и надлежни тела.
§ Безбедност за обработка на податоци
Бинтерн обезбедува безбедност во обработката на личните податоци согласно имплементација на интерните акти како и континуирано учење, обука и подигање на свесноста кај обработувачите на личните податоци.
Согласно интерните правилници, Бинтерн имплементира соодветни правила за:
-Автентикација на овластени лица
-Обезбедување на опремата на која се врши обработка на личните податоци
-Оранизациски мерки со сегрегација на должности и одговорности
-Контрола на пристап на информацискиот систем
-Обезбедување на евиденциј за секој пристап (логови)
-Заштита на внатрешната мрежа
-Обезбедување на интернет протоколот и обезбедување на платформата, веб страницата
-Сигурносни копии (back up)
-останати технички и организациски мерки
Податоците кои што ќе се споделуваат со Корисникот од страна на Бинтерн, Корисникот изјавува дека ќе ги чува во тајност и на никаков начин не може да ги обработува за други цели освен за целите на оваа Платформа.
Корисникот има пристап до работобарателите и во секој момент и до нивните податоци кои се од јавен карактер.
Доколку сакате повеќе за се запознаете со техничките и организациските мерки што ги спроведува Бинтерн, слободно контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци во Бинтерн на е-маил, согласно делот Контакт од оваа Политика.
§ Колачиња и користење на производи на трети страни
Бинтерн изјавува дека Платформата користи задолжителни колачиња за google analytics со цел подобрување на корисничкото искуство.
Преку овие колачиња се добива статистички податоци меѓутоа не може да се идентификува крајниот корисник.
§ Промени на Политиката
Бинтерн го задржува правото да го измени, ревидира или вметне целосно нова Политика за приватност на своја дискреција во кое било време. Корисниците ќе бидат известени за промените на оваа Политка на самата Платформа.
§ Детали за контакт – офицер за заштита на лични податоци
Офицер - Димитар Митревски од Ресен,
контакт телефон 072 642 390
е-маил: dimitar@bintern.com
Доколку сметате дека постои нарушување на безбедноста на вашите лични податоци од страна на Бинтерн или не се користат за целите за кои што се дадени ве молиме да го пополните и доставите барањето за утврдување на прекршување на лични податоци од следниот линк.