1. Одговорност за точност на податиците и одговорност за штетa
Огласите на bintern.com се пополнуваат исклучиво од огласувачите и како такви јавно се објавуваат. Со испраќање на огласот, огласувачот презема целосна одговорност за содржината наведена во него и се согласува да биде прикажан на bintern.com
Доколку се објави оглас со несоодветна содржина (неточни податоци, непотполни податоци, повреда на авторски права, навредлива содржина) истиот ќе биде одстранет, а корисничкиот профил избришан од системот.
bintern.com не одговара за содржината наведена во огласите за вработување/пракса и се оградува од било каква штета настаната од нив. Доколку во огласот се повредени авторските права, сопственикот на истите е должен да не контактира на contact@bintern.com и истиот ќе биде избришан од системот.
2. Авторски права
Огласите објавени на bintern.com не смеат да бидат превземени од други веб сервиси без одобрување или барање на авторот на содржината. Исто така Бинтерн го задржува правото да прави измени, дополнувања или модификации на содржината и иста да ја користи за промоција на социјални медиуми, маркетинг кампањи, емаил кампањи и друго.
Bintern го задржува правото за измена на политиката за користење.
Изгледот на Порталот, неговата содржина, изгледот на огласите, компјутерските програми кои го водат bintern.com, цртежите, плановите, скиците, табелите и сл. се авторско дело и сопственост на Друштвото и истите се заштитени како тавки со Законот за авторски и сродни права.
Базите на податоци кои се прибрани со работата на Порталот се исто така заштитени како такви во согласност со Законот за авторски и сродни права.